Фабрика Карпош со тимска игра до победата над А1

А1 2-6(0-2) Фабрика Карпош

А1: Ненад Трајков 23’ Кирил Бибовски 34’
Фабрика Карпош: Лазар Божиновски 4’ Виктор Јованоски 24’ 29’ Бојан Талески 3’ 26’ Геогри Божиков 38’

Интересно прво полувреме одиграа екипите на А1 и Фабрика Карпош, екипата на Фабрика Карпош имаше одлична игра на почетокот на полувремето и преку Божиновски во 4та минута успеа да поведе со 0-1. На него му се приклучи и Талески само минута подоцна за зголемување на предноста на 0-2. Екипата на А1 често се закануваше кон голот на противникот но Фабрика Карпош одлично ја постави играта во одбраната и не дозволуваше лесни погодоци. До крајот на првото полувреме резултато остана ист па Фабрика Карпош замина на паузата со предноста од 3та минута 0-2. Во второто полувреме екипата на А1 со одличниот погодок на Трајков успеа да намали на 1-2 и да ја врати резултатската неизвесност, но Фабрика Карпош ја имаше контролата врз играта и резултатот па со одлична игра успеа да створи резултатска предност од 1-5. Екипата на А1 не можеше денес да парира на расположените Фабрика Карпош кој на крајот од овој дуел славеше со 2-6.