
Алма М 7-2(4-1) Киел
Алма М: Муаз Алими 23’ Абдула Фера 13’ 14’ 32’ 34’ Бесир Абдула 18’ Јетмир Арифовиќ 11’
Киел: Душко ДИмитријевски 25’ Игор Савевски 10’
Израмнето прво полувреме ни прикажаа екипите на Алма М и Киел, двете екипи силно мотивирани атакуваа на победата. Екипата на Киел во 10та минута успеа да поведе со погодокот на Савевски, но екипата на Алма М имаше брз одговор и преку Арифовиќ и Фера успеа да дојде до целосен резултатски пресврт до 13та минута. Како одминуваше времето екипите го подигаа темпото на игра и често се закануваа кон голот на противникот, екипата на Алма М имаше подобра реализација во ова прво полувреме па до паузата успеа да стекне предност од 3-1. Во второто екипата на Киел го користеше својот голман како голман играч со цел да дојде до подобра завршница, но отворената игра ја искористи противникот за да дојде до зголемување на резултатската предност. Како одминуваше времето екипата на Алма М ја зголемуваше предноста, екипата на Киел иако имаше одлични шанси имаше слаба завршница. До крајот на натпреварот Алма М ја сочува предноста и славеше со 7-2.