
Фабрика Карпош 6-5(4-3) Леорон
Фабрика Карпош: Кире Крстевски 10’ Филип Илиевски 5’ 40’ Виктор Јованоски 9’ Бојан Талески 7’ 23’
Леорон: Дин Шеху 10’ Едмонд Мемети 37’ Ринор Мурати 3’ Аддас Рамадани 9’ Астрит Имери 24’
Ефикасно прво полувреме ни прикажаа екипите на Фабрика Карпош и Леорон, двете екипи настапија на овој дуел со отворена и ефикасна игра. Екипата на Леорон прва го отвори резултатот во 3та минута со погодкотна Мурати и поведе со 0-1. Екипата на Фабрика Карпош имаше брз одговор па преку Илиевски во 5та минута успеаа да израмнат на 1-1, а Талески во 7та стрелаше за целосен резултатски пресврт и водство од 2-1. Екипата на Фабрика Карпош продолжи со одлична игра па успеа да зголеми на 3-1, но Леорон ги консолидира своите редови и за само две минути ја стопи резултатската негатива па до 10та минута успеа да израмни на 3-3. До крајот на полувремето екипата на Фабрика Карпош имаше подобра реализација па на паузата замина со минимална предност од 4-3. Во второто полувреме екипите ја зацврстија играта во одбраната, екипата на Леорон се обидуваше да ја нулира предноста на противникот ,но Фабрика Карпош не дозволуваше лесни погодоци и успеваше да ја одржи минималната предност. Како се приближуваше крајот на натпреварот екипите го подигаа темпото на игра што ја направи завршницата на овој дуел доста инетерсна. Во ваквата завршница екипата на Леорон успеа да дојде до израмнување на 5-5 што ја примора Фабрика Карпош во игра да внесе голман играч, ваквата игра донесе резултат кога Илевски во последните секунди стрелаше за водство од 6-5 и победа во овој дуел.