Халк Банка не успеа да најде решение за расположениот Алкалоид

Алкалоид 7-2(2-0) Халк Банка

Алкалоид: Стефан Димовски 10’ Дејан Петровски 35’ Антонио Максимовски 14’ Синиша Петковски 26’ 36’ Никола Спасовски 37’ 40’
Халк Банка: Влатко Блажевски 38’ Апостол Ангелковски 40’

Цврсто и израмнето прво полувреме ни прикажаа екипите на Алкалоид и Халк Банка, двете екипи од самиот старт на полувремето започнаа со цврст фудбал со одлично поставена одбрана и брзи контра напади. Двете екипи играа цврсто на средината на теренот, екипата на Алкалоид прва го отвори резултатот со погодокот на Димовски во 10та минута од полувремето. По ова водство на Алкалоид екипата на Халк Банка започна со по офанзивна игра но заброави на одбраната па противникот зоглеми на 2-0. Екипата на Халк Банка вршеше притисок кон голот на противникот но имаше слабе реализација па на полувремето заминаа со негатива од 2-0. Во второто полувреме екипата на Алкалоид продолжи со одлична игра и успеа да зголеми на 3-0, а во 35та минута преку пенал успеа да дојде до 4-0. Алкалоид успеваше да одлично да го затвори пристапот до својот гол и не дозволуваше противникот да дојде до лесен погодок. Екипата на Халк Банка во своите редови внесе голман играч со цел да створи вишок во нападот, не успеваше да најде решение за одличната игра на Алкалоид која во овој дуел славеше со 7-2.