
Халк Банка 3-1(2-0) Матрикс
Халк Банка: Игор Стојановски 16’ Ерсин Тахир 20’ Апостол Ангелковски 30’
Матрикс: Предраг Стојмировиќ 33’
Израмнето прво полувреме ни прикажаа екипите на Халк Банка и Матрикс, двете екипи од самиот старт наметнаа цврста игра со одлична поставеност на средината на теренот. Екипите во првата половина од полувремето имаа одлични шанси за гол но голманите беа на ниво на задачата па мрежите мируваа. Во втората половина од полувремето екипите продолжија со одлична игра со точни подавања чекаа празнина во одбраната на протиникот за реализација. Екипата на Халк Банка во 16та минута од полувремето успеа да искористи грешка на одбраната на Матрикс и преку Стојановски успеа да поведе со 1-0. До крајот на полувремето екипата на Матрикс се обидуваше да дојде до погодок за израмнување, но ваквата отворена игра ја искористи Халк Банка за зголемување на предноста на 2-0 резултат со кој се замина на паузата. Во второто полувреме екипата на Халк Банка продолжи со одличната игра и во второто полувреме успеа да зголеми на 3-0, ова ја примора екипата на Матрикс да започне со по агресивна игра во нападот. Екипата на Матрикс во 33та минута преку Стојмировиќ успеа да намали на 3-1, ова дополнително ги моритивираше да се обидат усште поцврсто, но Халк Банка одлично ја сочува преднсота и на крајот од овој дуел славеше со 3-1.