
Атлантик Груп 4-7(2-3) А1
Атлантик Груп: Благојче Стојановски 11’ 20’ 38’ Валентино Трајковски 35’
А1: Стефан Петровски 36’ Фати Јахи 9’ 35’ Марко Недески 22’ 32’ Давид Бачовски 3’ 11’
Интересно прво полувреме одиграа екипите на Атлантик Груп и А1, двете екипи во овој дуел влегоа силно мотивирани и атакуваа на бодовите. Екипата на А1 во 3та минута преку Бачовски го отвори резултатот и поведе со 0-1. Екипата на А1 продолжи со одличната игра па преку Јахи успеа да зголеми на 0-2, екипата на Атлантик Груп по оваа негатива ги консолидира редовите и преку Стојановски намали на 1-2 во 11та минута. Екипата на А1 успеа до паузата да одржи еден гол предност па на паузата замина со 2-3. Во второто полувреме екипата на Атлантик Груп започна со силен притисок кон голот на противникот но екипата на А1 одлично ја постави играта во одбраната и не дозволуваше лесни погодоци. Кај екипата на А1 блесна и голманот Коте Јанкиевски кој денеска одигра одлична партија и успеа да спаси сигурни погодоци. До крајот на мечот екипата на А1 го издржи притисокот а преку контра напади на спротивната страна успеваше да реализира за победа во овој дуел со резултат од 4-7.