
AXM 365 8-5(1-2) Пожарна Скопје
AXM 365: Спасе Трендов 11’ 26’ 32’ Никола Шишковски 25’ 38’ Ѓорѓи Илиоски 31’ Малик Хасановиќ 31’ 38’
Пожарна Скопје: Петар Трајчевски 5’ 22’ Ерџан Шерифовски 15’ Халими Егзон 23’ Артан Авдиу 37’
Новаците во Бизнис Лигата на Македонија екипите на AXM 365 и Пожарна Скопје одлично го започнаа првиот дуел. Двете екипи настапија во висок ритам на игра и со одлично поставена офанзива често се закануваа кон голот на противникот. Екипата на Пожарна Скопје прва го отвори резултатот со погодок на Трајчевски во 5та минута, ова им даде дополнителен мотив да започнат поагресивно кон голот на противникот. Ваквата отворена игра екипата на AXM 365 ја искористи за во 11та минута преку Трендов да дојде до израмнување на резултатот и да ја врати неизвесноста. До крајот на полувремето екипата на Пожарна Скопје имаше подобра реалиација па преку Шерифовски успеа да зголеми на 1-2 резултат со кој се замина на паузата. Во второто полувреме екипата на Пожарна Скопје успеа да створи солидна резултатска предност и да поведе со 1-4 до 23та минута од полувремето. Ова ја примора екипата на AXM 365 да направи тактички измени во својата игра што донесе резултат па до 31та минута успеаа да дојдат до израмнување на резултатот на 4-4. До крајот на натпреварот екипите го оставија срцето на терен но екипата на AXM 365 имаше подобра реализација па на крајот од овој дуел славеше со 8-5
Играч на натпреварот: Малик Хасановиќ (AXM 365)