
А1 7-6(2-2) LC Waikiki
А1: Стефан Петровски 6’ 30’ 33’ Давид Бачовски 18’ 30’ Петар Георгиевски 29’ Стојанче Јанев 31’
LC Waikiki: Џемаил Рамадани 2’ Фуркан Фетаи 33’ 38’ Адмир Халилович 34’ Есер Сулејмани 3’ 40’
Одличен почеток за екипата на LC Waikiki во дуелот со екипата на А1, тие од самиот старт наметнаа високо темпо на игра и имаа брза реализација. Екипата на LC Waikiki успеа до 3та минута да дојде до водство од 0-2. Екипата на А1 успеа во 6та минута да намали на 1-2 преку Петровски , ова и даде дополнителен мотив на А1 да атакува на израмнување. Екипата на А1 успеа да дојде до израмнување на резултатот во 18та минута на 2-2 резултат со кој се замина на паузата. Во второто полувреме екипата на А1 успеа да наметне високо темпо на игра и имаше одлична реализација што им донесе солидна предност до 33та минута од 7-2. Екипата на LC Waikiki ги консолидира своите редови и започна да ја топи резултатската негатива, но екипата на А1 успеа во завршницата на овој дуел да ја сочува мрежата и да слави со 7-6.