LC Waikiki со пресврт во второто полувреме до победата над Леорон

LC Waikiki 12-8(6-7) Леорон

LC Waikiki: Фуркан Фетаи 26’ 36’ Адмир Халилович 2’ 20’ 25’ 26’ Есер Сулејмани 7’ 8’ 16’ 17’ 28’ Еркан Ибраими 33’
Леорон: Дин Шеху 4’ Амет Исмаили 8’ Едмонд Мемети 5’ Арон Гојани 20’ Мохамед Сабра 11’ Аддас Рамадани 13’ 20’ 40’

Одличен почеток за екипата на LC Waikiki во дуелот со Леорон, тие уште на самиот старт на полувремето успеаа да реализираат преку Халилович. Екипата на Леорон со брзи контра напади успеа да дојде до израмни на 1-1 преку Шеху, а само минута подоцна преку Мемти успеа да дојде до целосен резултатски пресврт. Екипата на LC Waikiki по оваа негатива ги консолидира своите редвои па успеа да дојде до повторно израмнување на резултатот на 3-3. До крајот на полувремето екипите имаа одлична реализација но екипата на Леорон успеа да искористи повеќе од своите шанси па на паузата замина со минимална предност од 6-7. Во второто полувреме екипата на LC Waikiki успеа целосно да ја превземе улогата на фаворит и со одлична реализација успеа да дојде до повторен пресврт и водство. Во продолжението на натпреварот екипата на LC Waikiki успеваше да ја зголемува предноста која до 33та минута изенсуваше 11-7, ова ја примора екипата на Леорон да направи тактички измени во својот состав и во игра да внесе голман играч со цел да дојде до намалување на резултатската негатива. Екипата на LC Waikiki одлично ја постави одбраната не дозволи изнендување и на крајот од овој натпревар славеше со 12-8.