Алкалоид и ЈСП одиграа реми

Алкалоид 4-4(1-0) ЈСП

Алкалоид: Даниел Митич 3’ Марко Марковски 28’ 38’ Илија Арсовски 37’

ЈСП: Сабит Хусеини 29’ Томи Петковски 29’ 39’ Марјан Србиновски 40’

Екипата на Алкалоид одлично го отвори натпреварот против екипата на ЈСП со погодок во 3та минута и водство од 1-0. По ова рано водство за екипата на Алкалоид екипата на ЈСП започна со жесток притисок кон голот на Алкалоид со цел да дојде до израмнување тие до крајот на полувремето успеаа да створат неколку одлични прилики за израмнување, но екипата на Алкалоид со одлично поставена игра во одбраната успеа да одолее на притисокот и да замине на полувремето со предност од 1-0. Во второто полувреме екипата на ЈСП продолжи со агресивна игра што и донесе резултат во 29та минута со два погодоци и израмнување на 2-2. По ова израмнување следуваше жестока борба по целиот терен во која екипата на Алкалоид во 37та минута успеа да искористи кикс на екипата на ЈСП за водство од 3-2. Во финишот на натпреварот екипата на ЈСП успеа со уште еден налет кон голот на Алкалоид да дојде до израмнување на 4-4.