Алкалоид со цврста одбрана до победа над Маркарт

Маркарт 3-5(2-3) Алкалоид

Маркарт: Пеце Стојанов 19’ 19’ 29’
Алкалоид: Дарко Стевков 40’ Сунај Љазми 2’ 30’ Кристијан Арсовски 7’ Бобан Митевски 12’

Првиот дел од полувреме од натпреварот помеѓу екипите на Маркарт и Алкалоид и припадна на екипата на Алкалоид. Екипата на Алкалоид со погодоците на Љазми и Арсовски во 2та и 7та минута се стекнаа со солидно водство, по оваа негатива екипата на Маркарт не и преостана ништо друго освен да фрли се на една карта и да тргне во целосна офанзива кон израмнување. Последните минути од полувремето и припаднаа на екипата на Маркарт која со двата погодоци на Стојанов успеа да ја стопи разликата на Алкалоид и да дојде до само еден гол негатива на полувремето (2-3). Во второто полувреме се продолжи во висок ритам на игра во кој екипата на Маркарт бркаше израмнуање кое го добија во 29та минута со третиот погодок на денес одличниот Стојанов, веќе во следната минута екипата на Алкалоид успеа да постигне погодок и да го превземе водството. До крајот на натпреварот екипата на Маркарт вршеше притисок кон голот на Алкалоид со цел да дојде до израмнување, но екипата на Алкалоид одлично ја постави играта во одбраната и не дозволи изненадување. Натпреварот заврши со 3-5 во корист на екипата на Алкалоид.