Аптив со колективна игра до победа над ТАВ

ТАВ 1-5(1-2) Аптив

ТАВ: Амар Мемиши 20’
Аптив: Александар Марковски 13’ 37’ Никола Паламидовски 40’ Мартин Марковски 30’ Марјан Митев 18’

Интересно прво полувреме одиграа екипите на ТАВ и Аптив, двете екипи во овој натпревар влегоа претпазливо и ги проценуваа силите на противникот. Екипата на Аптив беше таа која прва го подигна темпото на игра притисна во предно поле и успеа да дојде до предност преку одличниот погодок на Марковски во 13та минута. Екипата на ТАВ се обидуваше да фати ритам но Аптив успеа да искористи грешка во одбраната на ТАВ и да го зголеми водството на 0-2. Во самиот финиш на полувремето екипата на ТАВ успеа преку Мемиши да намали на 1-2 резултат со кој се замина на полувремето. Во второто полувреме екипата на ТАВ се обидуваше се обидуваше резултатски да се врати во натпреварот но Аптив одлично ја постави играта и имаше контрола врз резултатот. До крајот на натпреварот иако ТАВ имаше неколку шанси недостасуваше завршница, а екипата на Аптив успеа да ги искористи своите шанси за победа од 1-5.