Аптив со одлично второ полувреме до сигурна победа над МЕПСО

Аптив 10-5(3-2) МЕПСО
Аптив: Александар Марковски 24’ 27’ Марјан Тодоровски 16’ 30’ 32’ 35’ Дамјан Хрдличка 14’ Кире Стаматовски 4’ 27’ 40’
МЕПСО: Александар Боцевски 21’ Александар Крстевски 6’ 30’ Далибор Христов 16’ 34’

Одлично прво полувреме одигра екипите на Аптив и МЕПСО, видовме рано за екипата на Аптив со голот на Стаматовски во 4та минута и брз одговор на МЕПСО во 6та минута за 1-1. КОн средината на Полувремето екипата на Аптив го засили темпото на игра што им донесе два погодоци во 14та и 16та минута за водство од 3-1. До крајот на полувремето екипата на МЕПСО притискаше кон голот на Аптив со цел да ја намали негативата што им успеа па дојдоа на само гол негатива 3-2 резултат со кој се замина на паузата. На старот на полувремето екипата на МЕПСО успеа да постигне погодок и да го израмни резултатот, по ова екипата на Аптив започна со силен притисок кон голот на МЕПСО а за само неколку минути успеа да го врати водството во овој натпревар. До крајот на натпреварот екипата на Аптив имаше повеќе од играта што се одрази на конечниот резултат и висока победа од 10-5.