Аџибадем Систина преку Димковски до победа над МЕПСО

МЕПСО 2-13(1-7) Аџибадем Систина

МЕПСО: Диме Рошковски 2’ 24’

Аџибадем Систина:Влатко Кузманов 40’ Кристијан Димковски 4’ 4’ 12’ 16’ 21’ 36’ 38’ 40’ 40’ Мирослав Неделковски 3’ 11’ Злате Бошковски 1’

Првото полувреме од дуелот помеѓу МЕПСО и Аџибадем сиситина и припадна во целост на екипата на Систина, тие уште во првата минута успеаа да постигнат погодок за водство од 0-1. Екипата на МЕПСО имаше брз одговор на ова водство со голот на Рошковски во 2та минута за израмнување на 1-1, по овие воведни минути следеше одличен период на игра за екипата на Систина која за само неколку минути преку расположениот Димковски успеа да направи висока предност  од 1-7 резултат со кој се замина на полувремето. На стартот од вториот дел екипата на МЕПСО успеа да постигне погодок што им даде дополнителен мотив да тргнат уште пожестоко кон голот на Систина со цел да го намалат водството од полувремето. Сепак екипата на Аџибадем Систина не дозволи изненадување и од минута во минута го зголемуваше водството за конечна победа од 2-13