Ван Хоол во висок ритам до победа над МЕПСО

Ван Хоол 7-3(4-2) МЕПСО

Ван Хоол: Даниел Стаматовски 2’ 38’ Филип Белчовски 14’ Христијан Павловски 30’ Христијан Димковски 29’ Ненад Атанасов 5’ Иван Вукановски 18’
МЕПСО: Борис Трајковски 17’ 37’ Стефан Коцевски 20’

Екипата на Ван Хоол уште на самиот почеток наметна висок ритам на игра кој со чести измени го одржуваше во тектот на целото прво полувреме. Во ваквата игра екипата на МЕПСО со кратка клупа не можеше да фати вистински ритам и да најде против игра за расположениот Ван Хоол, па така Ван Хоол на полувремето замина со предност од 4-2. Во второто полувреме екипата на Ван Хоол продолжи во ист ритам и од минута во минута ја зголемуваше предноста која на крајот изнесуваше 4 гола разлика 7-3 недостични за МЕПСО.