Ван Хоол со колективна игра до победа над ЕЛЕМ и влез во Ф4

Ван Хоол 7-1(2-0) ЕЛЕМ

Ван Хоол: Даниел Стамнековски 4’ 6’ Стефан Станојковиќ 32’ Пеце Даиловски 25’ Валентино Трајковски 30’ 36’ Ведат Арслан 21’
ЕЛЕМ: Тихо Груевски 37’

Последниот дуел за влез во Ф4 фазата го одиграа екипите на Ван Хоол и ЕЛЕМ. И двете екипи со максимално сериозен пристап влегоа во овој натпревар , на двете страни уште на самиот старт се играше цврсто. И двете екипи се трудеа максимално да ги затворат приодите кон својот гол, екипата на Ван Хоол дуелот го започна со голман играч како би можела да оствари предност во делот на нападот ова успеа да го искористи Стаменковски кој со два гола во низа 4та и 6та минута и донесе предност на својата екипа од 2-0. По негативата од 2-0 екипата на ЕЛЕМ во своите редови внесе голман играч како би можела да ја надокнади негативата стекната на почетокот на полувремето , но Ван Хоол не дозволи изненадување па на полувремето замина со предноста стекната на самиот почеток на натпреварот од 2-0. Во второто полувреме екипата на ЕЛЕМ се обиде со отворен фудбал и целосен акцент на играта во нападот да се врати во овој натпревар, но Ван Хоол успеа ова да го искористи и да го преточи во своја полза преку контра напади кои ги реализираше и во минута во минута успеваше да стекне резултатска предност која на краот од овој натпревар изнесуваше 7-1.