Вип со цврста одбрана и брз напад до победа над Уни Банка

Уни Банка 2-6(1-4) Вип

Уни Банка: Александар Кузинаков 24’ Ивица Орозовски 20’
Вип: Мартин Ангеловски 36’ Мартин Тодоровски 10’ 11’ 35’ Никола Спасевски 1’ 4’

Екипата на Вип имаше одличен старт во дуелот со екипата на Уни Банка, на стартот на натпреварот во првата минута екипата на Вип го отвори резултатот со одличниот погодок на Спасевски. Овој рано примен погодок ја шокираше екипата на Уни Банка па до 11та минута примија уште три погодоци за високо водство на екипата на Вип од 0-4 До крајот на полувремето екипата на Уни Банка успеа да постигне погодок и да го намали високото водство на Вип на 1-4 на полувремето. На стартот на вториот дел екипата на Уни Банка се префрли во противничко поле и вршеше жесток притисок кон голот на Вип со цел да фати резултатски приклучок, но екипата на Вип одлично ја постави својата одбрана и имаше целосна контрола врз играта и резултатот и не дозволи изненадување па го доби овој натпревар со 2-6.