Во дерби натпревар А1 подобри од Bestway Solutions

Bestway Solutions 2-3(1-1) A1

Bestway Solutions: Марко Неделковски 25’ Филип Зоксимовски 9’
A1: Коте Јанакиевски 31’ Бојан Ристевски 1’ Ненад Трајков 27’

Одличен почеток за екипата на А1 во дуелот со Bestway Solutions, тие уште на самиот старт успеаа да искористат невниманије и грешка во одбраната на противникот за брзо водство од 0-1 во 1та минута со погодокот на Ристевски. Екипата на Bestway Solutions ги консолидира своите редови ја зацврсти играта во нападот па во 9та минута од полувремето успеа да израмни на 1-1 со погодокот на Зоксимовски. Во остатокот од полувремето двете екипи играа егал натпревар со по неколку шанси на двете страни но без погодоци па од таму резултатот од 1-1 на полувремето. Во второто полувреме екипата на Bestway Solutions преку Неделковски успеа да дојде до целосен резултатски пресврт , но екипата на А1 со чести ротации ја одржуваше свешината во своите редови и со високо темпо на игра успеа да дојде до израмнување во 27та минута. Во завршницата од натпреварот екипата на А1 дојде до повторно водство со одличен гол на голманот Јанакиевски . Екипата на Bestway Solutions се обидуваше да се врати во натпреварот но А1 одлично ја сочува предноста и на крајот славеше со 2-3