Во драматична завршница Окта поуспешна од Маркарт

Окта 4-3(2-0) Маркарт

Окта: Драганче Стојановски 15’ 34’ Виктор Ристовски 13’ Живко Котевски 40’

Маркарт: Александар Ристовски 21’ Фљурим Бахтијари 35’ 37’

Екипите на Окта и Маркарт претпазливо влегоа во овој натпревар,  во почетните минути од полувремето двете екипи ги одмеруваа силите на противникот и со удари од далечина се обидуваа да направат нешто повеќе. По овие почетни минути екипата на Окта беше таа која ја превзема иницијативата што вроди со плод кон средината на полувремето кога Ристовски во 13та минута стрелаше за 1-0, а Стојановски по две минути го зголеми водството на 2-0. По оваа негатива екипата на Маркарт се префрли пред голот на Окта но до полувремето не успеа да направи нешто повеќе. Полувреме 2-0. На стартот на второто полувреме екипата на Маркарт уште во првата минута преку Ристовски успеа да ја намали предноста на Окта на 2-1 и да нападне со цел да дојде до израмнување, сепак ваквата отворена игра и прилегаше на Окта која со удар од далечина успеа да го зголеми водството на 3-1. До крајот на натпреварот екипата на Маркарт беше таа која вршеше постојан притисок и во 37та минута успеа да дојде до израмнувањена 3-3  што ги направи последните минути од овој натпревар вистинска драма. Во ваквата завршница поснаодлива беше екипата на Окта која го доби овој натпревар со 4-3.