Во драматична завршница Халк Банка и Аџибадем Систина ги поделија бодовите

Халк Банка 2-2(0-0) Аџибадем Систина

Халк Банка: Алпер Тахир 37’ Самир Вели 38’
Аџибадем Систина: Кристијан Димковски 27’ Ивица Петровски 36’

Израмнет натпревар одиграа екипите на Халк Банка и Аџибадем Систина, двете екипи во овој натпревар влегоа силно мотивирани со акцент на цврстата одбрана. Екипата на Халк Банка во првото полувреме притискаше кон голот на Систина, но Систина одлично ја постави својата одбрана и не дозволуваше лесен погодок. Екипата на Аџибадем Систина преку брзи контра напади се обидуваше да се закани кон голот на Халк Банка но голманот имаше одлични интервенции па на полувремето се змаина со резултат од 0-0. Во второто полувреме екипата на Аџибадем Систина преку Димковски успеа конечно да ја пробие одбраната на Халк Банка и да поведе со 0-1 во 27та минута од натпреварот, а во 36та минута да го зголеми водството на 0-2. Екипата на Халк Банка во финишот од натпреварот се обиде со голман играч да створи вишок во нападот, тактика која вроди со плод па со два гола во низа во 37та и 38та минута на Тахир и Вели Халк Банка успеа да израмни на 2-2 и да ја направи завршницата вистинска драма. Во ваквата драматична завршница екипите ги поделија бодовите при резултат од 2-2.