Во израмнет натпревар Аптив и Пекабеско ги поделија бодовите

Аптив 4-4(2-3) Пекабеско

Аптив: Љупчо Наумовски 27’ 28’ Кире Стаматовски 13’ 17’
Пекабеско: Александар Арсовски 30’ Алвин Бачко 10’ Ѓоре Бочваров 5’ 14’

Екипите на Аптив и Пекабеско уште на самиот старт од натпреварот играа цврсто во исклучително израмнета борба. Во првото полувреме екипата на Пекабеско беше одлична во одбраната што им овозможи преку контра напади да имаат одлична реализација. Екипата на Аптив во текот на целото полувреме се обидуваше да фати резултатски приклучок но пекабеско не го дозволи тоа па на полувремето отиде со предност од 2-3. Во второто полувреме се продолжи во ист ритам и на двете страни се играше крајно израмнет фудбал кој беше доста возбудлив пред се поради неизвесноста која ни ја приредија и двете екипи. Се играше гол за гол буквално до последната минута од натпреварот кој заврши со 4-4.