Во израмнет натпревар Пекабеско и Уни Банка ги поделија бодовите

Пекабеско 4-4(3-2) Уни Банка

Пекабеско: Бобан Вујиќ 29’ Влатко Петровски 10’ 13’ Мартин Здравевски 20’
Уни Банка:Марко Ташков 30’ Ивица Орозовски 7’ 14’ 29’

Одлично прво полувреме одиграа екипите на Пекабеско и Уни Банка, прва до водство дојде екипата на Уни Банка во 7та минута со голот на Орозовски. Неколку минути подоцна поточно во 10та и 13та минута екипата на Пекабеско успеа да направи целосен резултатски пресврт. Во 14та минута Орозовски постигна уште еден прекрасен погодок за израмнување на резултатот. Како се ближеше крајот на полувремето и се очекуваше на паузата да се замине со изедначен резултат, во последната минута екипата на Пекабеско постигна погодок за предност на полувремето од 3-2. На стартот од вториот дел екипата на Уни Банка се префрли на противничката половина и вршеше притисок кон голот на Пекабеско со цел да дојде до израмнување што им успеа во 30та минута. До крајот на натпреварот и двете екипи имаа шанса да ги однесат бодовите но покажаа слаба реализација па на крајот ги поделија бодовите на резултат од 4-4.