Во израмнет натпревар Џонсон Мети до победа над Пекабеско

Пекабеско 3-4(1-1) Џонсон Мети

Пекабеско: Столе Стојковски 3’ Мартин Чаловски 24’ Алвин Бачко 32’
Џонсон Мети: Бојан Дејановски 17’ Благојче Божиновски 25’ 34’ Љупче Стојановски 30’

Првиот дел полувремето во дуелот помеѓу Пекабеско и Џонсон Мети и припадна на екипата на Пекабеско, голманот на екипата на Пекабеско Стојковски во 3та минута успеа да искористи кикс на одбраната на Џонсон Мети и од својата половина да постигне гол за водство од 1-0. По оваа негатива екипата на Џонсон мети се префрли на противничко поле ја превзеде иницијативата и вршеше постојан притисок на кој екипата на Пекабеско упеаваше да одолее до 17та минута кога Џонсон Мети со погодокот на Дејановскидојде до израмнување 1-1. До крајот на полувремето и двете екипи имаа одлични прилики да постигнат погодок но не успеаа да реализираат па на полувреме се замина со резултат од 1-1. Во второто полувреме екипата на Пекабеско успеа да постигне погодок и повторно да дојде до водство, следуваше брз одговор на екипата на Џонсон Мети и веќе следната минута имаше повторно израмнување. По ова се продолжи со жесток ритам на игра а целиот терен во рамките на фер плејот. Во таквата игра поснаодлива беше екипата на Џонсон Мети која го доби овој натпревар со 3-4.