Во натпревар полн со пресврт L.C. Waikiki поуспешни од Уника

L.C. Waikiki 5-6(4-4) Уника

L.C. Waikiki: Фуркан Фетаи 11’ Едит Салковиќ 13’ Суад Арифи 10’ 40’ Стефан Цветковски 3’ Армин Дрпљанин 23’ Ветим Имери 39’ Шабан Чупи 32’
Уника: Љуљзим Каштањева 5’ 6’ Бенјамин Граинца 10’ 29’ Тимотеј Нешовски 2’

Одличен старт на екипата на Уника во дуелот со L.C. Waikiki, со погодоци постигнати уште во воведните минути екипата на Уника се стекна со солидна предност од 3-1 веќе во 6та минута. Оваа негатива не ја демотивираше екипата на L.C. Waikiki која тргна во целосна офанзива и успеа за само неколку минути поточно во 13та минута да го израмни резултатот. До крајот на полувремето и двете екипи имаа свои шанси за погодок и за превземање на водството но сепак мрежите останаа мирни па на полувремето се замина со изедначен резултат од 4-4. На стартот од вториот дел екипата на L.C. Waikiki успеа да постигне погодок и да го превземе водството, и ја доведе екипата на Уника во ситуација да брка израмнување. Уника се префрли на противничко поле и вршеше жесток притисок кон голот на L.C. Waikiki што и донесе израмнување во 29та минута, неколку минути подоцна уште еден погодок за целосен пресврт. До крајот на натпреварот екипата на L.C. Waikiki вршеше притисок да дојде до израмнување и во последните минути од натпреварот да успеа да направи целосен пресврт за конечна победа од 7-6.