Во неизвесна завршница ЕЛЕМ поуспешни од Маркарт

Маркарт 6-7(4-3) ЕЛЕМ

Маркарт: Александар Ристовски 23’ Пеце Стојановски 38’ Мартин Стојанов 10’ 11’ Марјан Трајковски 16’ Флоријан Зиген 20’
ЕЛЕМ: Ристо Стефановски 39’ Златко Станкоски 24’ Влатко Петровски 7’ 14’ 19’ 34’ Сенвет Реџепи 33’

Возбудливо прво полувреме одиграа екипите на Маркарт и ЕЛЕМ, екипата на ЕЛЕМ беше таа која ја превзема иницијативата уште на самиот почеток вршеше притисок кон голот на Маркарт што им донесе предност во 7та минута од 0-1. По ова екипата на Маркарт започна со поагресивна игра и за само неколку минути успеа да направи целосен резултатски пресврт и предност од еден гол која ја задржа до полувремето. На паузата се замина со резултат од 4-3. Во второто полувреме двете екипи продолжија со жесток ритам на игра, во која екипата на ЕЛЕМ на стартот од полувремето имаше повеќе од играта што и донесе водство и целосен резултатски пресврт, екипата на Маркарт не се откажуваше лесно од овој натпревар па преку Стојанов во 38та минута го израмни резултатот и да ја направи завршницата од овој натпревар неизвесна. Во ваквата завршница поуспешна беше екипата на ЕЛЕМ која го доби овој натпревар со 6-7.