Гранит со колективна игра стигна до победа над Окта

Гранит 7-4(4-0) Окта

Гранит: Стефан Тевдовски 10′ 32′ Дарко Стојановски 9′ 17′ Сашо Каровски – Џуме 18′ 37′ Николче Глигуровски 25′
Окта: Шеќ Личина 24′ Драганче Стојановски 26′ Душан Босиљанов 30′ 32′

Првата фаза од полувремето во дуелот помеѓу Гранит и Окта помина во мирен ритам во која и двете екипи ги испитуваа силите и беа доста внимателни. Кон средината на полувремето екипата на Гранит ја подигна својата игра на повисоко ниво што резултираше со два погодоци едно по друго и комотно водство од 2-0. Екипата на Окта се обидуваше со сите сили да го намали резултатот но екипата на Гранит успеваше да ја казни секоја нѝвна грешка за високи 4-0 на полувремето. На стартот на второто полувреме екипата на Окта успеа да постигне два погодоци и да фати резултатски приклучок и да го направи остатокот од полувремето неизвесен. На десетина минути до крајот екипата на Окта успеа да стигне до еден гол негатива но сепак екипата на Гранит со евро голот на Каровски стави печат на овој натпревар за победа од 7-4