Гранит со контра напади до убедлива победа над Уни Банка

Гранит 9-4(2-1) Уни Банка

Гранит: Стефан Тевдовски 37’ Дарко Петров 10’ 38’ 39’ Дарко Стојановски 4’ 22’ 24’ Сашо Каровски – Џуме 25’ 30’
Уни Банка: Зоки Мицев 32’ Александар Кузинаков 12’ Ивица Орозовски 24’ 37’

Екипата на Гранит одлично го започна дуелот против екипата на Уни Банка, со погодок уште во 4та минута го отвори резултатот на 1-0. Неколку минути подоцна поточно во 10та минута Гранит реализираше еден котра напад за зголемување на водствотот на 2-0. Екипата на Уни Банка две минути подоцна успеа да постигне погодок и да фати резултатски приклучок. До крајот на полувремето двете екипи атакуваа кон голот на противникот, но голманите беа на ниво на задачата па на паузата се замина со 2-1. Во второто полувреме екипата на Уни Банка со сите сили се обидуваше да дојде до израмнување, но екипата на Гранит со одлична игра во одбранатана не остави простор за игра на Уни Банка а преку контра напади ја казнуваше. Последние неколку минути од натпреварот екипата на Уни Банка во игра внесе голман играч но и таа тактика не вроди со плод па го загуби овој натпревар со 9-4