Гранит со одлична игра до победа над Вип

Вип 6-9(2-4) Гранит

Вип: Мартин Ангеловски 7’ 21’ Младен Ѓоргиовски 40’ Јовица Наумовски 27’ Мартин Тодоровски 17’ Васко Дојчинов 40’

Гранит:Стефан Тевдовски 34’ Дарко Стојановски 4’ 35’ Сашо Каровски 22’ Николче Глигуровски 8’ 26’ 32’ Александар Димитровски 1’ 18’

Екипата на Гранит уште во почетните секунди од дуелот со Вип успеа да постигне погодок и да навести ефикасно прво полувреме. Неколку минути подоцна поточно во 4та минута екипата на Гранит успеа дареализира еден контра напад и да дојде до водство од 0-2. Екипата на Вип започна со жесток притисок кон голот на Гранит што вроди со плод во 7та минута и намалување на водството. До крајот на полувремето екипата на Гранит имаше повеќе од играта па на полувреме замина со предност од 2-4. На стартот на вториот дел екипата на Вип успеа да постигне погодок и да ја намали предноста на Гранит на само гол негатива, но веќе следната минута со голот на Каровски Гранит дојде повторно до два гола предност односно 3-5. Екипата на Гранит во ова полувреме прикажа одлична игра во фаза на одбрана и напад, екипата на Вип покрај сите обиди резултатски да се врати во игра не успеа па Гранит славеше со 6-9.