Гранит со одлична игра до победа над МЕПСО

МЕПСО 5-10(3-5) Гранит

МЕПСО: Зоран Деспотовски 20’ Диме Рошкоски 2’ 29’ Александар Боцевски 16’ 32’
Гранит: Стефан Тевдовски 14’ Дарко Петров 6’ 22’ 32’ 39’ Дарко Стојановски 10’ Сашо Кароски – Џуме 11’ Николче Глигуровски 35’ Пепи Мицев 19’ 28’

Одличен старт на екипата на МЕПСО во дуелот со екипата на Гранит со рано постигнат погодок уште во 2та минута. По ова рано водство екипата на МЕПСО следуваше одговор на екипата на Гранит која во 6та минута со голот на Петров дојде до израмнување на 1-1. Овој гол на екипата на Гранит и даде дополнителен мотив да тргне жестоко кон голот на МЕПСО и за кратко време да направи солидна предност од 1-4. До крајот на полувремето и покрај обидите на МЕПСО не успеа целсоно да ја стопи разликата на Гранит па на полувремето се замина со резултат од 3-5. Во второто полувреме екипата на МЕПСО со сите сили се обидуваше да дојде до израмнување, тие кон средината на полувремето успеа резултатски да се доближат, но екипата на Гранит не дозволи изненадување и со одлична игра во вториот дел од полувремето успеа да го добие овој натпревар со високи 5-10.