Гранит со одлично второ полувреме за висока победа над Еуро Табак

Еуро Табак 3-10(2-3) Гранит

Еуро Табак: Дејан Младеновски 4′ Мартин Ливрински 10′ Дејан Филиповски 40′
Гранит: Дарко Стојановски 18′ 30′ 35′ 39′ Сашо Каровски 23′ Николче Глигуровски 11′ 14′ 34′ Ристе Бошев 26′ 27′

Првата фаза од полувремето во дуелот помеѓу Еуро Табак и Гранит и припадна на екипата на Еуро Табак која уште на стартот односно во 4та минута успеа да го отвори резултатот, неколку минути подоцна во 10та минута успеа да постигне уште еден погодок за водство од 2-0. По оваа негатива екипата на Гранит направи неколку промени во тактиката и успеа да ја пронајде својата игра што до крајот на полувремето им донесе целосен резултатски пресврт. На полувремето се замина со резултат од 2-3. На стартот на второто полувреме екипата на Гранит со погодок на Каровски успеа да ја зголеми предноста на 2-4. Екипата на Еуро Табак направи промена во тактиката внесувајќи во игра голман играч обидувајќи се резултатски да се врати во игра, таквата игра остави голема дупка во одбраната која Гранит ја искористи за победа со високи 3-10