Даиловски го водеше Матрикс до победа над Рамстор

Матрикс 5-1(2-1) Рамстор

Матрикс: Петре Даиловски 13’ 19’ 39’ 39’ Дарко Цветковски 23’
Рамстор: Авни Воша 11’

Првиот дел од полувремето во натпреварот помеѓу Матрикс и Рамстор помина во жесток ритам на игра без многу шанси за погодок на двете страни. Играчите на двете екипи беа многу претпазливи и во овие воведни минути ги одмеруваа силите, како одминуваше времето двете екипи започнаа со поофанзивен стил на игра што и донес епогодок на екипата на Рамстор во 11та минута и водство од 0-1. Следуваше брз одговор од екипата на Матрикс која преку Даиловски во 13та го израмни резултатот. И кога се очекуваше дека на полувремето ќе се замине со 1-1 во 19та минута Даиловски со ефектен погодок и донесе на својата екипа водство од 2-1 резултат со кој се замина на паузата. На стартот од второто полувреме екипата на Матрикс успеа да постигне погодок и да го зголеми водството на 3-1. Ова беше знак за екипата на Рамстор да фрли се на една карта и да тргне во нападот по израмнување, екипата на Матрикс одлично ја постави својата игра во одбраната па успеваше да одолее на нападите а во последните минути од натпреварот да ги искористи грешките во одбраната на Рамстор за зголемување на предноста и конечна победа од 5-1.