Дуото Нухиу – Граинца ја водеа Уника до победа над Алкалоид

Уника 9-4(5-3) Алкалоид

Уника: Арбен Нухиу 3’ 17’ 25’ Бенјамин Граинца 2’ 8’ 16’ 28’ 40’ Васко Кокаланов 29’
Алкалоид: Стефан Димковски 20’ Даниел Ристевски 7’ 31’ Даниел Митич 18’

Екипата на Уника одлично го започна натпреварот со екипата на Алкалоид и веќе во 3та минута имаше вдсто од 2-0. Екипата на Алкалоид неколку минути подоцна односно во 7та минута успеа да постигне погодок и да фати резултатски приклучок. Во ова прво полувреме екипата на Уника имаше повеќе од играта и со одлична игра во одбраната и нападот успеа да го добие ова прво полувреме со 5-3. Во второто полувреме екипата на Алкалоид се префрли на противничко поле и вршеше жесток притисок кон голот на Уника, тие успеаа да креираат неколку зрели шанси за погодок но не успеаа да реализираат а тоа го казни екипата на Уника која со контра напади го зголемуваше водството за победа во овој натпревар со конечни 9-4