ЕВН преку контра напади до победа над Корпа

Корпа 1-6(0-2) ЕВН

Корпа: Анел Курт 29’
ЕВН: Наум Бадаловски 13’ Ѓорѓи Поповски 40’ Никола Атанасов 8’ Хамза Јашари 19’ 39’ Злате Тасовски 39’

Второто коло во А групата го отворија екипите на Корпа и ЕВН, двете екипи во овој натпревар влегоа силно мотивирани и со голема желба за победа. Екипата на ЕВН го отвори резултатот во 8та минута на натпреварот со одличен погодок на голманот Атанасов од половина терен. По ова водство на ЕВН екипата на Корпа ги консолидира своите редови и притисна кон противничкиот гол. Корпа имаа неколку одлични шанси кои не ги искористија па следеше казна на спротивната страна во финишот од полувреме за водство од 0-2 на ЕВН резултат со кој се замина на паузата. Во второто полувреме екипата на Корпа се обидуваше резултатски да се врати во натпреварот но екипата на ЕВН одлично ја постави својата игра во одбраната а преку брзи контри успеаваа да го зголемуваат своето водство. Екипата на Корпа успеа да реализира преку Курт, но со тоа само ја ублажи големата разлика која ја направи ЕВН. На крајот од натпреварот екипата на ЕВН славеше со убедливи 1-6