ЕВН со мотивирана игра до победа над Уника

Уника 3-6(1-2) ЕВН

Уника: Даниел Стојковски 5’ Кренар Сума 37’ Тимотеј Нешовски 40’

ЕВН: Вилијам Митев 36’ Томи Илиевски 17’ 22’ Ајет Новобрдарија 2’ 35’ Драги Стојановски 24’

Екипата на ЕВН одлично го започна дуелот против екипата на Уника со погодок во 2та минута за водство од 0-1. Следуваше брз одговор на екипата на Уника со погодок во 5та минута и израмнување на резултатот. По овие воведни минути двете екипи го засилија темпото на игра па почнаа да се редат шанси за погодок и на двете страни, поснаодлива во ова полувреме беше екипата на ЕВН која кон крајот на полувремето поточно во 17та минута успеа да постигне погодок и повторно да го превземе водството на 1-2 резултат со кој се замина на полувремето.  Во второто полувреме екипата на ЕВН прикажа одлична игра и уште на самиот старт успеа да постигне два погодоци и да направи комотна предност која до крајот на натпреварот постепено ја зголемуваше за на крајот да извојува победа од 3-6.