Екипата на Уника во последната минута осигура бод во дуелот со ТАВ

Уника 3-3(2-0) ТАВ

Уника: Васко Кокалов 1’ Даниел Стојановски 13’ 40’
ТАВ: Александар Јовановски 23’ Мартин Стојановски 33’ Ријат Сулејмани 32’

Екипата на Уника со погодокот на Кокаланов во првата минута одлично го отвори дуелот против екипата на ТАВ. Овој рано постигнат погодок на екипата на Уника и даде дополнителен мотив да тргне уште поагресивно кон голот на ТАВ што и донесе уште еден погодок во 13та минута и водство од 2-0. Екипата на ТАВ и покрај честите ротации ан играчи не успеа да ја пронајде својата игра во ова полувреме па екипата на Уника замина со предност од 2-0. На стартот на второто полувреме екипата на ТАВ успеа да постигне погодок и да дојде до само гол негатива, овој гол и даде елан на екипата на ТАВ да тргне уште понапаѓачки што вроди со плод во 32та минута за израмнување на 2-2. Веќе следната минута екипата на ТАВ успеа да реализира еден контра напад и да дојде до целосен пресврт и водство од 2-3. И кога се очекуваше дека ТАВ ќе ја однесе победата, екипата на УНика во последната минута успеа дареалзира за 3-3 и поделба на бодовите.