ЕЛЕМ со одлично второ полувреме до победа над Окта

Окта 3-4(1-1) ЕЛЕМ

Окта: Драганче Стојановски 8’ Драганчо Ѓорѓиевски 28’ Живко Котевски 37’

ЕЛЕМ:Ристо Стефановски 37’ Петар Василевски 5’ 32’ 34’ Израмнето прво полувреме одиграа екипите на Окта и ЕЛЕМ,прва до водство дојде екипата на ЕЛЕМ со голот на Василевски со гол во 5та минута. По ова следуваше брз одговор на екипата на Окта со погодокот на Стојановски во 8та минута и исрамнување на резултатот. До крајот на полувремето двете екипи имаа одлични прилики да постигнат погодок и да го превземат водството, но покажаа слаба реализација па на полувремето се замина со резултатот од 8та минута, 1-1. Во второто полувреме се играше  во многу висок ритам на игра, екипата на Окта беше таа која прва постигна погодок во 28та минута и го превзема водството. По оваа негатива за екипата на ЕЛЕМ тие започнаа со жесток притисок кон голот на Окта па успеаа во 34та минута да направат целосен резултатски пресврт. До крајот на натпреварот екипата на Окта успеа да постигне погодок и да го израмни резултатот но веќе следниот напад со голот на Стефановски екипата на ЕЛЕМ повторно го превзема водството на 3-4 резултат со кој го доби овој натпревар.