Еуро Табак преку Ливрински до сигурна победа над Уни Банка

Еуро Табак 15-5(7-2) Уни Банка

Еуро Табак: Мартин Ливрински 7’ 14’ 16’ 18’ 22’ 23’ 32’ 34’ 35’ 37’ Никола Зафировски 18’ 29’ Дејан Јанковски 6’ 28’ Дејан Младеновски  12’

Уни Банка: Владислав Хаџидинев 9’ Марко Ташков 19’ 36’ Зоки Мицев 26’ 39’ Полувреме во висок ритам на игра одиграа екипите на Еуро Табак и Уни Банка, екипата на Еуро Табак одлично го отвори овој натпревар и со погодоците во 6та и 7та минута се стекна со водство од 2-0. Неколку минути подоцна следуваше одговор со голот на Хаџидинев во 9та минута и намалување на 2-1, До крајот на полувремето екипата на Еуро Табак имаше повеќе од играта што и донесе предност на полувреме од 7-2. Во второто полувреме екипата на Еуро Табак продолжи со одлична игра и од минута во минута го зголемуваше своето водство, екипата на Уни Банка се обиде со голман игра да створи вишок во нападот но тоа го искористи екипата на Еуро Табак која преку Ливрински дојде до сигурна победа од 15-5