Еуро Табак со одлично второ полувреме до победа над Пекабеско

Пекабеско 3-7(1-1) Еуро Табак

Пекабеско: Стефан Благоевски 5’ Александар Арсиќ 25’ Бобан Вујиќ 37’
Еуро Табак: Дејан Јанковски 4’ 26’ 38’ 40’ Мартин Ливрински 24’ 31’ Борче Стојанов 33’

Израмнето прво полувреме одиграа екипите на Пекабеско и Еуро Табак, прва до водство дојде екипата на Еуро Табак преку Јанковски во 4та минута за да по само една минута Пекабеско преку Благоевски успеа да го израмни резултатот на 1-1. По што се влезе во егал полувреме во кое и двете екипи играа крајно израмнето и шансите кои ги имаа не успеаа да ги претворат во гол па на полувремето се замина со 1-1. Во второто полувреме екипата на Еуро Табак успеа да ги косолидира своите редови и пронајде вистинска против игра во која тимот на Пекабеско не успеа да се снајде што и дозволи на екипата на Еуро Табак резултатски да се одвои. Екипата на Пекабеско се обиде со голман играч да се врати во натпреварот, но тоа ја остави ранлива во одбраната што Еуро Табак го искористи за победа во овој дуел со резултат од 3-7.