Еуро Табак со тимска игра до победа над ЕВН

Еуро Табак 4-2(2-0) ЕВН

Еуро Табак: Дејан Јанковски 12’ Мартин Ливрински 2’

ЕВН: Томи Илиевски 25’

Екипата на Еуро Табак уште во првата минута со гол го отвори натпреварот против ЕВН, овој рано постигнат гол ја примора екипата на ЕВН да го подигне темпото на игра и да се префрли на противничката половина.  Екипата на Еуро Табак се повлече на својата половина ја зацврсти својата одбрана и со брзи контри се обидуваше да го зголеми резултатот што им успеа во 12та минута со голот на Јанковски. Екипата на ЕВН со голман играч се обидуваше да ја намали разликата, но Еуро Табак одлично ја постави одбраната и со Поповски на голот не го дозволи тоа. Полувреме 2-0. Во вторто полувреме екипата на ЕВН го подигна темпото на игра и се почесто се закануваше кон голот на Еуро Табак се до 25та минута кога Илиевски со одличен удар од далечина го намали резултатот на 2-1. Екипата на ЕВН подолжи со високо темпо на игра и истурена во нападот со цел да дојде до израмнување но тоа остави дупки во одбраната што Еуро Табак вешто ги искористи за победа од 4-2.