Еуро Табак ја продолжи победничката серија во дуелот со ЈСП

Еуро Табак 8-3(2-1) ЈСП

Еуро Табак: Дејан Јанковски 11’ 22’ Дејан Младеновски 6’ 39’ Мартин Ливрински 28’ 29’ 29’ 35’

ЈСП: Сашо Георгиев 19’ Маријан Србиновски 35’ 40’

Одличен старт за екипата на Еуро Табак во дуелот со екипата на ЈСП, екипата на Еуро Табак во 6та минута со голот на Младеновски го отвори резултатот за водство од 1-0. По ова рано водство за екипата на Еуро Табак, екипата на ЈСП изврши притисок кон голот на Еуро Табак па за само неколку минути успеаа да креираат неколку одлични шанси за погодок, но не успеаа да реализираат што го казни екипата на Еуро Табак со погодокот на Јанковски во 11та минута и водство од 2-0. До крајот на полувремето екипата на ЈСП со сите сили се обидуваше да дојде до израмнување, но до крајот на полувремето успеа само да го намали водството на Еуро Табак на 2-1.  Во второто полувреме екипата на ЈСП притисна кон голот на Еуро Табак но ваквата игра на противничката половина ја искористи Еуро Табак која ги искористи пукнатините во одбраната на ЈСП и од минута во минута го зголемуваше своето водство за на крајот да извојува конечна победа од 8-3.