Еуро Табак ја сочува предноста од првото полувреме и го доби дуелот со ЕЛЕМ

ЕЛЕМ 4-6(1-5) Еуро Табак

ЕЛЕМ: Јован Стојанов 12’ 30’ 40’ Бојан Јовановски 37’
Еуро Табак: Мартин Ливрински 17’ Дејан Јанкоски 4’ 7’ 16’ 40’ Григориј Јовановски 18’

Чeтвртото коло од Бизнис Лигата на Македонија го отворија екипите на ЕЛЕМ и Еуро Табак, прва до водство дојде екипата на Еуро Табак уште во 4та минута. По ова рано водство на екипата на Еуро Табак екипата на ЕЛЕМ се префрли на противничко поле што ја остави ранлива во одбраната што Еуро Табак вешто го искористи за зголемување на водството на 0-2. Екипата на ЕЛЕМ направи промена во играчкиот состав што донесе резултат и во 12та минута успеаа да го намалат водството на 1-2. До крајот на полувремето екипата на Еуро Табак го подигна темпото на игра па на паузата замина со сигурно водство од 1-5. Во второто полувреме двете екипи прикажаа цврста и изедначена игра, екипата на ЕЛЕМ направи промена во тактиката и во екипата внесе голман играч што и направи вишок во нападот па успеаа да го намалат резултатот на 2-5 во 30та минута. До крајот на полувремето екипата на ЕЛЕМ притискаше кон голот на Еуро Табак но предноста од полувремето беше преголема па на крајот Еуро Табак славеше со 4-6