Корпа со брзи контра напади до победа над Матрикс

Корпа 4-3(3-2) Матрикс

Корпа: Даниел Жерновски 2’ ИлчоМојсовски 7’ 16’ Дончо Аргиновски 29’
Матрикс: Тони Брњанчевски 4’ 6’ Виктор Петровски 40’

Одличен почеток за екипата на Корпа во дуелот со Матрикс, тие на самиот старт од натпреварот успеаа да искористат пропуст во одбраната на противникот за водство од 1-0. Сепак екипата на Матрикс на ова имаше брз одговор со погодокот на Брњанчевски во 3та минута и успеа да дојде до израмнување на резултатот. Брњанчевски стрелаше повторно во 6та минута за целосен резултатски пресврт и водство од 1-2, сепак Корпа со одлична асистенција на втора статива во 7та минута преку Мојсовски успеа да израмни на 2-2. Екипата на Корпа успеа да искористи играч повеќе и да дојде до предност од 3-2 резултат со кој се замина на паузата. Во второто полувреме екипата на Матрикс продолжи со константен притисок кон голот на Корпа но имаше слаба завршница што Корпа го казни на спротивната страна и успеа да го зголеми водството на 4-2. Во финишот од натпреварот екипата на Матрикс се обиде со голман играч да се врати во натпреварот и успеа да намали на 4-3 но времето беше сојузник на Корпа која на крајот славеше со 4-3.