Лукоил преку Фенов до победа над ЕВН

ЕВН 4-6(3-4) Лукоил

ЕВН: Вилијам Митев 2’ 15’ 35’ Драги Стојановски 11’

Лукоил: Марјан Цветковски 5’ Антонио Фенов 10’ 15’ 19’ 31’ 34’

Екипата на ЕВН одлично го отвори дуелот со екипата на Лукоил со водство во 2та минута и предност од 1-0. По ова водство за екипата на ЕВН екипата на Лукоил се префрли на противничко поле вршејќи силен притисок што и донесе израмнување во 5та минута со голот на Цветковски а неколку минути подоцна поточно во 10та минута и водство од 1-2. До крајот на полувремето екипата на Лукоил имаше повеќе од играта  па на полувреме замина со предност од 3-4.Во второто полувреме екипата на ЕВН со сите сили се обидуваше да дојде до израмнување но екипата на Лукоил со одлична игра во фаза на напад и одбрана не дозволи изненадување и го доби овој натпревар со 4-6.