Лукоил со пресврт до победа над ЕЛЕМ

Лукоил 5-2(1-2) ЕЛЕМ

Лукоил: Дејан Зиков 17’ 25’ Мартин Алаѓозовски 23’ Лоренцо Николовски 34’ Васко Стефанов 36’
ЕЛЕМ: Ивица Апостоловски 15’ Сенвет Реџепи 20’

Првата фаза од полувремето во дуелот помеѓу Лукоил и ЕЛЕМ помина во мирен ритам без многу шанси за погодок на двете страни. Како одминуваше времето и двете екипи го засилуваа темпото на игра па почнаа и да се редат шанси на двете страни, во таквата отворена игра екипата на ЕЛЕМ беше таа која што го отвори резултатот со погодок во 15та минута. Екипата на Лукоил во 17та минута успеа да возврати за резултатски егал. И кога се очекуваше дека на полувремето ќе се замине со израмнет резултат екипата на ЕЛЕМ буквално во последната секунда од полувремето со голот на Реџепи успеа да дојде до предност од 1-2 резултат со кој се замина на паузата. Во второто полувреме екипата на Лукоил со фуриозн почеток успеа за само неколку минути да направи целосен резултатски пресврт. Екипата на ЕЛЕМ по овој шок во раната фаза во текот на целото полувреме се обидуваше да ја пронајде својата игра со цел да дојде до израмнување, но сепак екипата на Лукоил со одлично поставена игра не дозволи изненадување и го доби овој натпревар со 5-2.