Лукоил со цврста одбрана и брз напд до победа над Рамстор

Рамстор 0-5(0-4) Лукоил

Лукоил: Дејан Зиков 1’ Васко Стефанов 18’ Гоце Мојсоски 35’ Мартин Алаѓозовски 6’ Антонио Фенов 5’ Марјан Цветковски 40′

Пеколен старт на екипата на Лукоил во дуелот против Рамстор, со три погодоци во раната фаза се стекна со високо водство и ја срушија целата концепција на екипата на Рамстор. По оваа негатива екипата на Рамстор мораше да направи промена на тактиката и на различни начини да се обидува да фати резултатски приклучок, тие во игра внесоа голман играч што им донесе неколку чисти “зицери“ но не успеа да ги реализира па екипата на Лукоил успеа да ги казни со голот на Стефанов во 18та минута за водство 0-4 со кој се замина на полувремето. Во второто полувреме се продолжи со висок ритам на игра во кој екипата на Рамстор на сите можни начини се обидуваше да фати резултатски приклучок но одличната одбрана на екипата на Лукоил и на голманот Цветковски ги спречи во таа намера па на крајот Лукоил славеше со 0-5.