Макпетрол не дозволи изненадување во дуелот со ЕЛЕМ

ЕЛЕМ 3-6(1-4) Макпетрол

ЕЛЕМ: Павле Маџовски 25’ Златко Станковски 4’ Сенвет Реџепи 24’
Макпетрол: Бенер Бекировски 1’ 37’ Мишо Ѓорѓиевски 6’ 14’ Александар Мишоски 19’ 28’

Одличен старт на екипата на Макпетрол во дуелот со ЕЛЕМ, со погодок уште во првата минута екипата на Макпетрол го отвори резултатот и најави ефикасно прво полувреме. Неколку минути подоцна екипата на ЕЛЕМ преку Станковски израмни на 1-1, до крајот на полувремето екипата на Макпетрол имаше повеќе од играта своите шанси успеа да ги претвори во гол за водство на полувремето од 1-4. На стартот од второто полувреме екипата на ЕЛЕМ направи неколку промени во играчкиот кадар и промена на тактиката внесувајќи голман играч со цел да го намали високото водство на Макпетрол од полувремето, што вроди со плод и до 25та минута кога ЕЛЕМ дојде до еден негатива. До крајот на натпреварот екипата на Макпетрол успеа да го сочува водството и да го добие натпреварот со 3-6.