Макпетрол сигурни во дуелот со Уника

Макпетрол 9-4(5-1) Уника

Макпетрол: Мишо Ѓоргиовски 11’ 14’ 17’ 24’ 26’ Игор Стојковски 3’ Александар Мишоски 28’ Марко Костенцовски 13’ 34’
Уника: Бенјамин Граинца 32’ Тимотеј Нешовски 8’ 38’ Сашо Јакимовски 32’

Возбудливо прво полувреме одиграа екипите на Макпетрол и Уника, прва во водство дојде екипата на Макпетрол со погодок во 3та минута, по ова водство следуваше одговор во 8та минута со голот на Нешовски за израмнување на 1-1. По овие воведни минути екипата на Макпетрол ја превзема иницијативата и со одлична игра во фаза на напад и одбрана успеа да се стекне со солидна предност од 4-1 во 13та минута. До крајот на полувремето екипата на Уника беше таа која го бркаше резултатот но екипата на Макпетрол не дозволи изненадување и го доби ова полувреме со високи 5-1. На стартот на второто полувреме со евро голот на Нухиу екипата на Уника успеа да го намали високото водство на Макпетрол што им даде дополнителен мотив за уште пожестоко да тргнат кон противничкиот гол. Сепак екипата на Макпетрол со одлично поставена одбрана и чести ротации на играчи ја задржа свежината во своите редови и успеа да го сочува водството и да го добие натпреварот со високи 9-4