Макпетрол со победа над УНИКА до шампионска титула

Макпетрол (4-1) УНИКА

Макпетрол: Мишо Ѓоргиовски 29’ Марко Костенцовски 9’ 17’ Никола Секуловски 9’ 12’
УНИКА: Аднан Лимани 5’

Во финалниот дуел од оваа сезона на Бизнис Лигата силите ги одмерија екипите на Макпетрол и УНИКА. Екипта на УНИКА одлично го отвори овој дуел со погодок во раната фаза на полувремето поточно во 5та минута со погодокот на Лимани, но кратко по ова поради недозволена игра со рака екипата на Макпетрол од пенал го израмни резултатот со погодок на Костенцовски. Ова силно ја мотивира екипата на Макпетрол која продолжи со притисокот кон голот на УНИКА што им донесе и целосен резултатски пресврт до погодокот на Секуловски и водство од 2-1. Кај екипата на УНИКА се почуствува пад во концентрацијата што екипата на Макпетрол одлично го искористи за зголемување на предноста која на полувремето изнесуваше 4-1. Од самиот старт на второто полувреме екипата на УНИКА се префли на противничата половина и со офанзвина и отворена игра вршеше константен притисок кон голот на Макпетрол, но екипата на Макпетрол одлично ги затвори сите пристапи кон својот гол и ги одбиваше налетите на УНИКА. Макпетрол во продолжението на натпреварот успеа преку Ѓоргиовски да зголеми на 5-1 резултат кој беше недостижен за екипата на УНИКА. Мора да напоменеме дека голманот на Макпетрол Наум Тауловски беше на ниво на задачата и во голема мера допринесе за ваквиот епилог на натпреварот.