Макпетрол со тимска игра до победа над МЕПСО

Макпетрол 7-2(1-0) МЕПСО

Макпетрол: Илчо Филипоски 33’ Мишо Ѓоргиевски 19’ 30’ 31’ Благоја Лолески 23’ Игор Стојковски 28’ 39’

МЕПСО: Слаѓан Ѓоргиевски 38’ 39’

Израмнет прв дел одиграа екипите на Макпетрол и МЕПСО, екипата на Макпетрол имаше повеќе посед на топката но екипата на МЕПСО одлично ја позиционира својата игра во одбраната па одолеваше на притисокот на Макпетрол се до 19та минута кога екипата на Макпетрол успеа да ја пробие одбраната на МЕПСО и да реализира за водство од 1-0, резултат со кој се замина на полувремето. На стартот на второто полувреме екипата на Макпетрол преку Лолески успеа да го зголеми водството на 2-0, што им даде дополнителен мотив да го зголемуваат темпото на игра и уште повеќе да притискаат кон голот на МЕПСО. Екипата на МЕПСО не можеше да го прати овој висок ритам на игра па го загуби овој натпревар со 7-2.