Макпетрол со тимска игра до победа над Гранит

Гранит 1-7(0-2) Макпетрол

Гранит: Николче Глигуровски 36’
Макпетрол: Мишо Ѓоргиевски 23’ 32’ Бенер Бакиовски 38’ Марко Костенцовски 5’ Игор Стојковски 28’ Никола Секуловски 28’ Александар Мишоски 18’

Динамично прво полувреме ни прикажаа екипите на Гранит и Макпетрол, уште на самиот старт и двете екипи наметнаа висок ритам на игра и се редеа шанси за погодок и на двете страни. Екипата на Макпетрол со голот на Костенцовски успеа да го отвори резултатот за 0-1. По оваа негатива екипата на Гранит направи неколку промени во својот тим и започна со силен притисок кон голот на Макпетрол со цел да дојде до израмнување, но екипата на Макпетрол со одлично поставена игра во одбраната успеа да го сочува својот гол, а до крајот на полувремето и да го зголеми водството на 0-2. Во второто полувреме екипата на Макпетрол имаше целосна контрола врз играта и резултатот па уште на самиот старт успеа да ја зголеми предноста која многу умешно и покрај сите обиди на екипата на Гранит успеа да ја сочува до самиот крај. Екипата на Макпетрол со сигурна игра од минута во минута ја зголемуваше предноста за на крајот да го добие овој натпревар 1-7.